Иднината на Ван Дајк во Ливерпул беше неизвесна бидејќи дефанзивецот влезе во последната година од договорот.
Англиските медиуми сега објавија дека Ван Дајк донел одлука и ги започнал преговорите со Ливерпул за продолжување на соработката.
Потпишувањето на новиот договор на Ван Дајк е приоритет за „црвените“, па се очекува двете страни брзо да се договорат.
Ливерпул му понудил нов двегодишен договор и верува дека Ван Дајк набрзо ќе стави потпис на договорот.