Фудбал

Познат комплетниот распоред на сите тимови во новата сезона на ЛШ (ФОТО)

Познат комплетниот распоред на сите тимови во новата сезона на ЛШ (ФОТО)

УЕФА ги одреди сите натпревари од Лигата на шампионите за новата сезоната 2024/25. Елитното натпреварување ќе се игра во нов формат од оваа година, бројот на клубови е зголемен од 32 на 36, нема повеќе групи, туку сите учесници формираат една лига, а секој клуб ќе одигра по осум натпревари. Четири дома, четири на гости, со по еден меч против осум различни противници.

Првите натпревари ќе се играат од 17 до 19 септември, односно од вторник до четврток. Првите осум клуба од заедничката лига по осум одиграни натпревари директно ќе се пласираат во осминафиналето, а оние од 9. до 24. место ќе играат бараж за преостанатите осум места во второто коло. Останатите екипи испаѓаат од натпреварувањето.

Поврзани теми

To top