Фудбал

После суспензијата, Родриго заработи повреда

После суспензијата, Родриго заработи повреда

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Родриго доживеа нова повреда.

Имено Родриго доживеа мала повреда на натпреварот против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија и од тогаш не добиваше многу минути во екипата на „кралевите“.

Сепак, медиумите од Шпанија објавија дека бразилецот доживеал потешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку 3 недели.

Медицинскиот тим на Реал дијагностицирал тендиоза на задната ложа на десната нога на Родриго.

Се очекува Родриго да биде спремен за натпреварот против Осасуна, кој Реал ќе го одигра на 21 февруари.

To top