Кристијано Роналдо останува во Саудиска Арабија. Како што објави добро информираниот новинар Фабрицио Романо, португалската фудбалска ѕвезда е на чекор од потпишување нов договор со клубот Ал Наср, со што би ја продолжил својата неверојатна кариера до 43-годишна возраст.
Роналдо, кој во моментов има 40 години, се очекува наскоро да стави потпис на едногодишно или двегодишно продолжување на договорот, во зависност од неговата желба.
Доколку се одлучи за варијантата од две години, тоа значи дека тој ќе игра професионален фудбал и на 43 години, нешто што ретко кој врвен спортист може да го издржи.