Фудбал

Поранешен фудбалер на Ливерпул оди на суд

Поранешен фудбалер на Ливерпул оди на суд

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џордон Ајб, треба да се појави на суд по апсењето на аеродромот Лутон. 30-годишниот офанзивен фудбалер бил приведен од полицијата по наводен напад во декември.

Ајб слетал на аеродромот во јануари и веднаш бил уапсен, по што со кауција добил дозвола да замине дома.

Сега е потврдено дека поранешниот крилен напаѓач на Ливерпул и Борнмут ќе се појави на суд.

Ајб е обвинет за нанесување телесни повреди во врска со наводен напад на 14 декември.

To top