По страшните поплави кои го зафатија југот на Шпанија, во кои досега животот го загубија повеќе од 150 луѓе, а по многумина се уште се трага, никому не му е гајле за фудбалот.
Затоа беше донесена сосема логична одлука да се одложи натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во 12. коло од шпанската Ла Лига.
Шпанската Ла Лига потврди дека натпреварот нема да се одигра, а причината е ден на жалост кој ќе се одржи низ целата покраина.
Покрај овој дуел одложени се и натпреварите помеѓу Виљареал – Рахо Ваљекано, Леванте – Малага, Кастељон – Ферол и Елденсе – Уеска.