Ламин Јамал беше херојот на Барселона во победата кај Мајорка. Овој тинејџер кој има само 16 години, постигна фантастичен погодок за голема радост на домашните навивачи и триумф од 1:0.
Според актуелната пазарна вредност, Јамал се проценува на 60 милиони евра, но секако дека ако продолжи во ист ритам, за мнгоу брзо ќе вреди многу повеќе.
Многумина Јамал го споредуваат и со Лионел Меси поради фактот дека и Аргентинецот уште како малолетен блескаше за Барселона. За тоа колку верува Барселона во Јамал покажуваат и бројките кои велат дека тинејџерот сезонава има одиграно 37 меча во сите натпреварувања и има биланс од шест гола и седум асистенции, што е фантастично за еден тинејџер.
Токму затоа, Јамал веќе е на мета на најбогатите клубови, па прв на листата се појави Пари Сен Жермен, кој бара замена за Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на Светците ќе си замине на крајот од сезоната, а според шпекулациите, францускиот првак е подготвен во летниот преоден рок да плати неверојатни 200 милиони евра за овој супер талент од Барселона, кој веќе има и четири настапи за сениорската репрезентација на Шпанија.