Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди датумите кога ќе се играат полуфиналињата во рамки на Купот на Македонија.
Одредено е првите мечеви да се играат на 9 април со почеток од 15:00 часот, а реваншите се закажани на 23 април со почеток од 16:00 часот.
Во полуфиналето се наоѓаат екипите на Струга Трим Лум, Вардар, Шкендија и Брера Струмица.
Ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија ќе биде во првата недела од месец април.