Фудбал

Полицијата во Сплит уапси 36 хулигани на големото дерби

Полицијата во Сплит уапси 36 хулигани на големото дерби

Фудбалерите на Динамо Загреб славеа минимално на гостувањето кај Хајдук (0-1), а сплитската полиција имаше полни раце работа.

Дербито беше натпревар со висок ризик и под максимално ниво на обезбедување.Поради приредување на нереди, користење на илегални средства и пиротехника полицајците апсеа пред, во текот и по мечот.

Според информациите, 36 лица се лишени од слобода, а иако имало и минимални судири, во главно апсењата се поради поседување на пиротехника.

Од осомничените се одземени 205 пиротехнички средства околу стадионот. Хрватите имаат посебен Закон за спречување нареди на спортски натпревари и реметење на јавниот ред и мир, па по таа основа беа уапсени навивачите.

Инаку, на „Пољуд“ имаше преку 32.000 навивачи, од кои околу 1.500 беа гостински.

To top