Фудбал Тага во фудбалскиот свет

Почина Жорже Кошта, поранешниот капитен на Порто

За време на неговата тренерска кариера, која траеше од 2006 до 2024 година, Кошта работеше во Брага, Клуж, АЕЛ и други клубови, а исто така ја предводеше и репрезентацијата на Габон.

Почина Жорже Кошта, поранешниот капитен на Порто

Поранешниот фудбалер на Порто, Жорже Кошта вечера почина на 53-годишна возраст, соопшти прес-службата португалскиот клуб.

Според првичните информации причина за смртта е срцев удар.

Кошта играше за Порто од 1990 до 2005 година. Одигра 383 натпревари за клубот и постигна 25 гола. Како дел од Порто, стана шампион на Португалија осум пати и победник на Купот на Португалија пет пати, а исто така ги освои и Лигата на шампионите и Купот на УЕФА. Тој одигра 50 натпревари за португалската репрезентација и постигна два гола.

За време на неговата тренерска кариера, која траеше од 2006 до 2024 година, Кошта работеше во Брага, Клуж, АЕЛ и други клубови, а исто така ја предводеше и репрезентацијата на Габон. (МИА)

To top