Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Андреас Бреме почина на 63 години. Стрелецот на победничкиот гол за Германија во финалето на Светското првенство во 1990 година доживеа срцев удар.
Според Билд, Бреме починал синоќа. Тој бил хоспитализиран, но не можел да се спаси.
Во текот на кариерата Бреме играше за Кајзерслаутерн, Интер, Баерн, Сарбрикен и Сарагоса.
Како германски репрезентативец го освои Светското првенство во 1990 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Аргентина (1:0).