Фудбал тажна вест

Почина 26- годишниот голман на репрезентацијата на Црна Гора

Шаркиќ пред десет дена ја одушеви црногорската јавност со одлични одбрани на пријателскиот натпревар против Белгија.

Почина 26- годишниот голман на репрезентацијата на Црна Гора

Голманот на црногорската фудбалска репрезентација, 26-годишниот Матија Шаркиќ почина ненадејно во саботата рано наутро во станот во Будва каде што престојувал.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, на голманот на црногорската фудбалска репрезентација ненадејно му се слошило изутрината околу 6 часот и 30 минути и неговите пријатели веднаш повикале брза помош, но лекарите, за жал, не го спасиле.

После тоа повикана е полиција и ги истражува сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт. Медиумите пишуваат дека црногорската полиција го истражува случајот, но дека сѐ укажува дека се работи за природна смрт.

Шаркиќ пред десет дена ја одушеви црногорската јавност со одлични одбрани на пријателскиот натпревар против Белгија.

Матија Шаркиќ последната година од кариерата ја мина во англиски Милвол, а претходно настапуваше за Астон Вила и Волерхемптон.

To top