Новото фудбалско натпреварување под покровителство на ФИФА, Светското клупско првенство, кое од 14 јуни ќе се игра во САД, ќе има награден фонд од дури милијарда долари. Ќе се натпреваруваат 32 екипи, а победникот ќе добие 100 милиони долари, објавија организаторите.
Ждрепката за групите на Светското клупско првенство беше одржана на 5 декември минатата година. Првенството ќе се игра во следните американски градови: Пасадена, Шарлот, Атланта, Филаделфија, Сиетл, Мајами, Орландо, Нешвил, Синсинати, Вашингтон и Ист Радерфорд, каде ќе се игра финалето.
Група А: Палмеираш (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)
Група Б: ПСЖ (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл (САД)
Група Ц: Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија), Бока јуниорс (Аргентина), Окленд сити (Нов Зеланд)
Група Д: Фламенго (Бразил), Челси (Англија), Леон (Мексико)*, Есперанс (Тунис)
Група Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава (Јапонија), Интер (Италија), Монтереј (Мексико)
Група Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан (Јужна Кореја), Мамелоди сандаунс (Јужна Африка)
Група Г: Манчестер сити (Англија), Вајдад (Мароко), Јувентус (Италија), Ал Аин (Обединети Арапски Емирати)
Група Х: Реал (Шпанија), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Салцбург (Австрија).