Адвокатите на жената која го обвини Дани Алвеш за сексуално злоставување побараа максимална казна од 12 години за познатиот бразилски фудбалер.
Алвеш ќе се соочи со судски процес за наводен напад врз жена во ноќен клуб во Барселона на претпоследниот ден од 2022 година.
Шпанскиот суд во август донесе одлука за постоење доволно докази за судење на Алвеш кое е најавено за идната година.
Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Барселона ги демантираше сите обвинувања, а од јануари е во притвор.