Според информациите на српски „Телеграф“, селекторот Драган Стојковиќ Пикси би можел да се најде во многу проблеми во следните натпревари, а големо прашање е дали ќе може да смета на двајца стандардни репрезентативци Немања Гудељ и Филип Костиќ.
Заедно со нив двајца и капитенот Тадиќ, со националниот тим уште пред ЕП заврши и Немања Радоњиќ, па српскиот национален тим дефинитивно ќе изгледа многу поинаку веќе на стартот од Лигата на нации и мечот со новиот европски шампион Шпанија.