Фудбал Гостинскиот тим ја обезбеди победата

ПМФЛ: Струга триумфално на гостувањето во Битола

Со денешниот триумф, Струга се приближи на пет бодови зад водечките Вардар и Шкендија, додека Пелистер остана во зоната на испаѓање на 10 место.

ПМФЛ: Струга триумфално на гостувањето во Битола

Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Пелистер во Битола со 2-0 во рамки на 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Гостинскиот тим ја обезбеди победата со головите на Радески во 45 минута и Малески во 87 минута.

Со денешниот триумф, Струга се приближи на пет бодови зад водечките Вардар и Шкендија, додека Пелистер остана во зоната на испаѓање на 10 место.

ПМФЛ-24 коло резултати:

Арсими – Вардар 1-0

Македонија ЃП – Шкендија 0-1

Пелистер – Струга 0-2

Работнички – Силекс 2-0

Тиквеш – АП Брера 6-1

Шкупи – Башкими (понеделник)

Табела: Вардар 58, Шкендија 58, Струга 53, Силекс 40, Тиквеш 36, Башкими 32, Арсими 29, АП Брера 28, Пелистер 23, Македонија ЃП 23, Работнички 22, Шкупи 1.  (МИА)

To top