Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, остро го нападна првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, обвинувајќи го дека станал автократ по пандемијата на Ковид-19.
-Тој беше добар број два, но не и добар број еден. Тој работеше многу добро во УЕФА, но има проблем – ги сака богатите и моќните, оние со пари. Тоа е во неговата природа. Беше таков како број два, но не беше шеф во тоа време. За жал, Инфантино стана автократ по пандемијата, рече Платини во интервју објавено денеска во лондонски „Гардијан“.
Инфантино беше генерален секретар на УЕФА од 2009 до 2015 година кога Платини го раководеше европскиот фудбал (2007-2015).
Платини неколку години е во отворен конфликт со Инфантино, за кого се сомнева дека го исфрлил од трката за претседател на ФИФА во 2015 година со тоа што го известил швајцарскиот јавен обвинител за сомнителна исплата од два милиони швајцарски франци).
Платини, кои заедно со Блатер, беше обвинет за финансиска измама беше ослободен од обвиненијата во 2025 година.