Фудбал италија

Пјаниќ: Јувентус почна да оди против својата ДНК

Миралем Пјаниќ е искусен босански фудбалер со угледно педигре во италијанскиот фудбал, а поради фактот што ужива таков статус, актуелниот играч за врска на ЦСКА Москва си даде за право да ја коментира последната голема промена во Јувентус.

Клубот од Торино реши да го отпушти Тиаго Мота за време на мартовската репрезентативна пауза и му го довери првиот тим на Игор Тудор, поранешен играч на Јувентус, но и асистент од времето кога шеф на стручниот штаб беше Андреа Пирло.

Тудор ќе има голем предизвик да го внесе Јуве во Лигата на шампиони со пласман во топ четири, па иако задачата нема да биде воопшто лесна, Пјаниќ е убеден дека клубот овојпат направил вистински избор.

– Јувентус го промени тренерот бидејќи резултатите беа под секое очекување. Во годините кога јас бев во клубот, ние секогаш се боревме за Скудетото. И покрај големите инвестиции минатото лето, нешто тргна во погрешен правец и тимот не изгледаше воопшто добро.

– Дојде до тоа поради некои погрешни одлуки кои се косеа со познатата ДНК на Јувентус. Клубот почна да оди против својата ДНК, но сега го донесе Тудор, човек кој добро ја познава средината и кој знае какво е размислувањето во Јувентус, – потенцира Пјаниќ.

To top