Фудбал

Пикси прецрта седум српски репрезентативци кои настапија на ЕП

Пикси прецрта седум српски репрезентативци кои настапија на ЕП

Драган Стојковиќ Пикси доби доверба од раководството во фудаблскиот сојуз и покрај лошиот резултат, но веднаш после тоа најави дека ќе следи голема револуција и смена на генерации во репрезентацијата.

Пикси го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Шпанија и Данска во Лигата на нации, а на истиот нема дури осум члена од Европското првенство, од кои седум самиот тој ги прецртал.

Душан Тадиќ самиот порача дека заминува во репрезнтативна пензија по недоразбирањето со селекторот, но Пикси сега не ги повика и Вања Милинковиќ Савиќ, Урош Спајиќ, Срѓан Мијаиловиќ, Филип Младеновиќ, Немања Гудељ, Филип Костиќ и Мијат Гачиновиќ.

Србија се наоѓа во групата 4 во А дивизијата во Лигата на нации, каде покрај Шпанија и Данска, се најде и селекцијата на Швајцарија.

To top