Фудбал Кршење на јавниот ред

Пијани украле сообраќаен знак: УЕФА дисквалификува двајца полски судии

Во крвта на прекршителите е констатирана зголемена содржина на алкохол.

Пијани украле сообраќаен знак: УЕФА дисквалификува двајца полски судии

Полските судии Бартош Франковски и Томаш Мусијал се дисквалификувани од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради кршење на јавниот ред и правила на однесување, јавува „Би-би-си“.

Исклучувањето на судиите на натпреварите под капата на УЕФА ќе трае до јуни 2025 година.

На почетокот на август, судиите требаше да ја делат правдата на натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Ренџерс.

Ноќта на 6 август, Франковски, Мусјал и уште еден маж беа приведени со украден сообраќаен знак. Во крвта на прекршителите е констатирана зголемена содржина на алкохол. (МИА)

To top