Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува од идејата за Супер-лига, проект кој неуспешно беше реализиран во 2021 година кога УЕФА излезе како победник од оваа „војна“.
„Фудбалот трпи незапамтена интитуционална криза. На сите нивоа, и во Шпанија, и во Европа. Главниот проблем е што никој не мисли на навивачите. Ние ќе продолжиме да работиме за да фудбалот ги инспирира фановите ширум светот. Европскиот фудбал не му припаѓа на претседателот на УЕФА. Шпанскиот фудбал не му припаѓа на претседателот на Ла Лига. Фудбалот не е монопол на некого, тој им припаѓа на сите. Целта на Супер-лигата е јасна – да го понуди најдоброто во клупското натпреварување“, изјави Перез.
“УЕФА продолжува да управува со натпреварите на ист начин како и пред 30 години. Без иновации, без модернизација, без транспарентност, без доближување на конкуренцијата до навивачите. Видовме многу примери на банкрот на големите корпорации, кои изгледаа непобедливи во нивните сектори, тоа се случи затоа што не знаеја да се модернизираат и да се навикнат на нови времиња“.
Флорентино Перез нагласи дека на 21 декември ќе биде донесена пресуда пред Судот на Европската унија во Луксембург, каде се води спорот по жалбата на Реал против одлуката донесена во декември 2022 година, во корист на УЕФА.
„Се надеваме дека тој ден ќе биде почеток на нова ера, за доброто на фудбалот“, изјави Флоренитно Перез.