Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е суспендиран на два натпревари поради натрупани жолти картони.
Шпанецот ќе го пропушти гостувањето во Премиер лигата кај Вест Хем на 14 март, како и пресметката во четвртфиналето од ФА Купот во првиот викенд од април.
Гвардиола, сепак, ќе може да го предводи својот тим во финалето на Лига Купот на 22 март, иако тоа ќе се игра помеѓу двата натпревари за кои тренерот ќе биде суспендиран.
Според правилата на Фудбалската асоцијација (ФА), плејоф натпреварите во Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) и аматерските дивизии, како и финалињата на ФА Купот, Лига Купот и ЕФЛ Трофејот, се ослободени од казни за менаџерите и членовите на нивниот персонал.