Фудбал познати

Пеп Гвардиола се разведува од сопругата Кристина по 30 години брак

Пеп Гвардиола се разведува од сопругата Кристина по 30 години брак. Парот се разделил во декември минатата година, го информирале само најтесниот круг на луѓе, засега не сакаат јавно да се огласуваат. Важеа за совршен пар, а овој епитет полека станува омразен бидејќи кој и да го земе меѓу светските парови доживува љубовен крах.

Веста за разводот доаѓа од шпанскиот „El Periódico“. Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и неговата сопруга се запознале во 1994 година, а се венчале во 2014 година во Шпанија. Тие ги имаат ќерките Марија и Валентина и синот Мариус.

„El Periódico“ пишува дека односот помеѓу Пеп и Кристина, без разлика на разводот, е „целосно срдечен, стабилен и пријателски“.

Гвардиола често зборуваше за својата сопруга на прес-конференциите на Манчестер Сити и во други прилики: „Мојата сопруга е најдобра во светот во многу работи, особено во модата. Таа нормално ми вели „не носи ова или она“ и јас ја слушам. Доволно сум паметен за да знам дека треба да ги слушам советите на луѓето кои се многу подобри од мене“.

Инаку сталожениот Гвардиола минатиот месец се конфронтирал со навивач, приближно во истиот период кога се разделил од Кристина, по поразот од Ливерпул. Речиси дошло до физичка пресметка.

Славниот Гвардиола на крајот на ноември минатата година ги шокирал сите затоа што сакал да се самоповреди откако неговиот тим го прокоцкал водството од 3-0 на натпреварот против Фејенорд.

„Се пресеков со ноктот за време на натпреварот. Сакав да се повредам“, признал тој на конференцијата, можеби љубовните неволји биле причина за ваквото однесување.

To top