Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола освои шест шампионски титули во претходните осум сезони, но оваа е далеку од врвот поради низата порази претходниот месец.
Дури и да не биде шампион оваа сезона, тоа нема да биде ништо страшно бидејќи Премиер лигата е исклучително силна, но очигледно Гвардиола не ги сфаќа работите.
Последните недели постојано е во кавга со медиумите, со противнички навивачи, па дури и цели клубови, но границата ја мина со тоа што сакаше физички да се пресмета со еден навивач на улица.
Додека мирно шеташе, едно момче го снимаше Гвардиола и му дофрли дека е лут поради пораз на што Шпанецот жестоко реагираше. Се обиде да се врати и да се тепа со него, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.