Манчестер Сити ќе го има еден од најголемите предизвици во првенството, затоа што гостува кај актуелниот првак Ливерпул.
Сити е втор на табелата со шест бода помалку од лидерот Арсенал и едноставно мора да брка освојување на бодови на „Енфилд роуд“ за да остане во чекор со најдобриот во моментов.
Од друга страна, Ливерпул има разочарувачка сезона и заостанува дури 14 бодови зад Арсенал, што значи дека е само со теоретски шанси да се надева на одбрана на тронот.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е фокусиран на дербито против Ливерпул, но има нешто што го мачи, а е поврзано со Лига Купот на Англија.
Сити ќе игра во финалето на овој куп и тоа токму против Арсенал, но поради правилата во англискиот фудбал, Граѓаните нема да може во финалето да сметаат на новото засилување Марк Геши.
Тоа е фудбалерот кој Сити го доведе во зомскиот преоден рок од тимот на Кристал Палас, а според правилата во Англија, ако еден играч веќе настапил за еден клуб во Лига купот, нема право да игра за друг клуб во тоа натпреварување во истата сезона.