Фудбал

Пеп Гвардиола дефинитивно го напушта Манчестер Сити

Пеп Гвардиола дефинитивно го напушта Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најверојатно ќе ја напушти клупата на „граѓаните“ по завршувањето на сезоната поради лични причини, пишува британски „Мирор“.

Договорот на Шпанецот истекува во јуни, а нема јасни знаци дека ќе биде обновен. 53-годишниот тренер го доведе Сити до шест титули во Премиер – лигата, една во Лигата на шампионите, две во ФА Купот и четири во Карабао Купот.

Како што е познато, Фудбалската асоцијација на Англија се обрати до Гвардиола минатото лето, додека бараше замена за Герет Саутгејт, но го избраа Томас Тухел откако не добија одговор од предводникот на Сити.

Кога го прашаа дали повторно бил контактиран за селекторската позиција, Гвардиола го одбегна прашањето.

„Томас Тухел е менаџерот, така што заборавете на тоа. Јас сум менаџер на Манчестер Сити, па разговорите кои ги водам се за Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.

 

To top