Фудбал

Пех за Јунајтед, се повреди Хојлунд

Пех за Јунајтед, се повреди Хојлунд

Манчестер Јунајтед во наредниот период ќе биде без данскиот фудбалер Расмус Хојлунд.

Ерик Тен Хаг го загуби својот прв избор во нападот, откако Данецот заработи повреда на мускулите.

Според информациите, Хојлунд нема да може да игра во наредните две до три седмици. Ова ќе биде уште еден удар во низа за Холанѓанецот на клупата.

Уште еден проблем е фактот дека Хојлунд полека почна да ја крева формата, дојде до бројката од тринаесет погодоци сезонава, па оваа пауза не е баш добредојдена. Минатото лето данскиот фудбалер беше купен за сума од 74 милиони евра.

Доколку се исполнат најавите, Хојлунд ги пропушта натпреварите со Фулам, Нотингем Форест, Манчестер Сити, Евертон и Шефилд Јунајтед.

To top