Аргентинецот Пауло Дибала официјално заминува од Рома и се приклучува на саудискиот клуб, Ал-Кадсија.
Извесно беше дека „волчицата“ не сака да го задржи кај себе, па управата се обиде „дебело“ да го наплати овој трансфер, но без успех.
Римскиот гигант најпрво бараше сума од 40 милиони евра, но Ал-Кадсија во последен момент успеа да ја искористи откупната клаузула во вредност од само 12 милиони евра.