Фудбал

Отворена дисциплинска постапка против Шкендија поради пропустите на мечот со Пелистер

Отворена дисциплинска постапка против Шкендија поради пропустите на мечот со Пелистер

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ги разгледуваше проблематиките од викенд натпреварите.

Како што беше очекувано, се отвора дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Шкендија.

Причината е пропусти во организацијата и напад на официјалните лица на натпреварот.

„Се поведува дисциплинска постапка против Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу Шкендија и Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпер, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив“, стои во соопштението.

Освен тоа, одредени се и казните и суспензиите за натпреварите од изминатиот викенд.

Во ПМФЛ забрана за вршење на функција добија тренери од стручните штабови на Македонија Ѓорч е Петров Струга Трим Љум односно Баже Илијоски и Дејан Лескаровски.

To top