Медиумите од Италија пренесуваат дека Наполи и агентот на Виктор Осимен начелно постигнале договор за нова соработка, напаѓачот ќе има рекордна плата од 10 милиони евра, и откупна клаузула помеѓу 130-140 милиони евра.
Виктор Осимен до крајот на годината ќе стави потпис на нов договор со Наполи, ова синоќа го пренесоа неколку извори од „чизмата“.
Начелно е постигнат договор за соработка до јуни 2026 година, Виктор Осимен ќе добие значително покачување на платата и ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона, сума која ниту еден играч на Наполи претходно не ја добивал.
Ќе има и откупна клаузула вредна помеѓу 130-140 милиони евра, што отвара простор за трансфер во летниот преоден рок.
При една ваква зделка, Виктор Осимен ќе стане најскапата продажба во историјата на Серија А, пред Ромелу Лукаку (во Челси за 113 милиони евра) и Пол Погба (во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра).