„Гардијан“ пишува дека Андре Онана се плаши дека може да го загуби првотимскиот статус во Манчестер јунајтед доколку отиде да брани за Камерун на Африканскиот куп на нации.
Онана оваа сезона беше стартер на сите натпревари за Манчестер јунајтед, но последните грешки против Галатасарај можат да го чинат клубот испаѓање од Европа, што не е мала работа.
Камерунскиот голман е свесен дека не треба многу за голманот кој ќе брани место него да импресионира и да му го земе местото во случај тој да игра на Африканскиот куп на нации.
Онана се врати во репрезентацијата и сигурно ќе добие повик од Камерун за првенството кое трае еден месец. Ако на Африканскиот куп на нации кој ќе се одржи во Брегот на слоновата коска, голманот ќе пропушти четири меча од Премиерлигата.
На негово место меѓу стативите би застанал Алтај Бајиндир кој летото пристигна на Олд Трафорд од Фенербахче.