Фудбал

Онана се враќа во Јунајтед на 1 февруари

Фудбалерот учествуваше на Африканскиот куп како дел од репрезентацијата на Камерун. Камерунците доживеаја елиминација во 1/8 финалето, губејќи од Нигерија (0:2).

Онана се враќа во Јунајтед на 1 февруари

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, соопшти дека голманот Андре Онана ќе се врати во тимот в четврток, 1 февруари.

Фудбалерот учествуваше на Африканскиот куп како дел од репрезентацијата на Камерун. Камерунците доживеаја елиминација во 1/8 финалето, губејќи од Нигерија (0:2).

-Андре ќе биде со нас во четврток. Можеби сега конечно можам да изберам состав од нашите најсилни играчи, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт на клубот од „Олд Трафорд“.

На Африканскиот куп, Онана бранеше на само еден натпревар – против Сенегал (1:3) во групната фаза на турнирот.

To top