Целта беа трите бода со аутсајдерот за самодоверба, а во тоа се успеа лесно. Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со еден од првите соработници Горан Пандев беше во соблекувалната по мечот и им честита на играчите.
„Само напред момци, сигурно и самоуверено“, им порача првиот човек на ФФМ на фудбалерите.
Македонија е лидер на квалификациската табела со 11 бода, пред Велс и Белгија со по десет бода.
Следните два меча се од клучен карактер, тие се со Белгија на гости и Казахстан дома во октомври.
https://www.facebook.com/share/v/16AA6Bh1B6/