Првиот човек на ФФМ Масар Омерагиќ ја коментира одлуката изборот да падне на Гоце Седлоски.
„Јавно да се заблагодарам на Боби Милевски за досегашните резултати, но промените се случуваат во фудбалот и имаме нов селектор. Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата ѝ е потребна нова енергија, за да го оствариме пласманот на Светското првенство.
За нас учеството во баражот е успех, имавме и подобри шанси додека беа мечевите во квалификациите, но таков е фудбалот, понекогаш носи радости, некогаш и разочарувања. Таков беше резултатот во Велс и затоа се одлучивме за промена.
Баравме човек со „фајтерски“ карактер, го добивме во Седлоски, таков тој беше и на терен. Сега како ќе биде со играта, тоа е работа на селекторот. Дали веруваме дека можеме да ја минеме Данска? Да не верувавме, немаше да ги правиме овие чекори. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот.
Ние како раководство веруваме во играчите и останува да видиме како ќе заврши натпреварот. Ништо не е завршено, нема да одиме таму само да одиграме и да ја завршиме.“, изјави Омерагиќ.