Фудбал

Оливие Жиру кариерата ќе ја продолжи во САД

Оливие Жиру кариерата ќе ја продолжи во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру,

Тој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А. Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

To top