Фудбал

Охрид приреди сензација во Купот на Македонија, го елиминираше Вардар

Охрид приреди сензација во Купот на Македонија, го елиминираше Вардар

Изненадувања донесоа денешните четвртфинални натпревари во Купот на Македонија. ФК Охрид Лихнидос испиша историја и го елиминира актуелниот освојувач на трофејот ФК Вардар по изведување пенали, обезбедувајќи прво полуфинале во клупската историја.

Вардар имаше водство и контрола, но дозволија шок во самиот финиш. По мирно прво полувреме во кое охриѓани дисциплинирано се бранеа, Вардар поведе во 59. минута преку Бобан Николов.

Се чинеше дека фаворитот рутински ќе ја заврши работата, но во 90. минута следеше студен туш, Матески ја искористи невнимателноста на одбраната, излезе сам пред голманот.

Бидејќи победник немаше по регуларниот дел, решаваа пеналите.

Двете екипи не беа перфектни од белата точка, а клучниот момент дојде во четвртата серија кога Данев не реализираше. Охрид ја задржа предноста, а во последната серија Дарко Илиевски со сигурен удар стави точка на драмата и го испрати Вардар дома.

Покрај сензацијата во Охрид, нов удар претрпе и ФК Работнички. Тимот од Скопје, кој веќе мака мачи со резултатите во првенството, беше елиминиран од второлигашот ФК Шкендија Арачиново со 3-1. Натпреварот се одигра во Куманово, а Шкендија уште во првиот дел поведе преку Десниќ и до крајот сигурно ја завери големата победа.

Преостанатите четвртфинални пресметки допрва следуваат, ФК Детонит Плачковица ќе се соочи со ФК Силекс, додека завршниот дуел од оваа фаза е закажан за 18 март, кога ќе се сретнат ФК Струга Трим Лум и ФК Шкендија.

 

To top