Фудбал украдени часовници и накит, со вредност од милион фунти

Ограбен домот на фудбалерот Грилиш

Додека фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш го играше натпреварот против Евертон во средата во Ливерпул, непознати лица упаднале во негов дом и украле вредни предмети, јавија денеска британските медиуми.

Ограбен домот на фудбалерот Грилиш

Полицијата, како што наведе Би-Би-Си, била повикана во вечерта околу 21:50 часот, а потрагата по крадците сè уште трае.

Весникот Сан објави дека од домот на англискиот репрезентативец Грилиш биле украдени часовници и накит во вредност од околу еден милион фунти.

Грилиш го одигра целиот натпревар во средата во Ливерпул на кој Манчестер сити го совлада Евертон со 3-1.

To top