Фудбал трансфер

Официјално: Енис Барди го напушти Бодрум

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди, и официјално е слободен играч откако денеска екипата на Бодрум му се заблагодари на придонесот. Барди од Трабзон се пресели во Бодрум во текот на јануарскиот преоден рок, и после шест месеци го напушта клубот, откако испадна во втората лига на Турција.

Сега ќе има нова средина, а турски и шпански тимови се во трка за неговиот потпис.

„Му се заблагодаруваме на Барди, кому му истече договорот, и во овој момент сакаме да му посакаме се најдобро во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Бодрум.

To top