Португалскиот фудбалски тренер Рубен Аморим од денеска е без работа.
Отказот доаѓа по последната јавна расправија и несогласувања со челниците на Манчестер Јунајтед по вчерашното реми со Лидс од 1:1 во Премиер лигата.
Денешниот состанок во клубот свикан од Џек Вилкокс и Омар Берада бил со една цел: да се разгледа работата на Аморим и неговиот однос на синоќешната прес-конференција по завршувањето на натпреварот.
Аморим вчеравечер јавно посочи дека во Манчестер Јунајтед е ангажиран како менаџер, а не како фудбалски тренер и дека не е само тој виновен за серијата лоши резултати кои ги забележува клубот од „Олд Трафорд“.
Легендата на Јунајтед, Дарен Флечер е времено решение на позицијата на Аморим додека клубот бара замена за Португалецот.