Мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико заврши без победник (1-1). „Јорганџиите“ беа долго во негатива, ама со голот на Маркос Љоренте во 93. минута освоија голем бод во „Ел Мадрилењо“.
Сепак, од Реал се бесни на судијата Хозе Санчез Мартинез. Имено, „кралевите“ сметаат дека требало да добијат пенал во три ситуации за време на мечот со Атлетико. Клупската телевизија „Реал Мадрид ТВ“ направи анализа и го изнесе следното:
„Првиот мораше да се досуди кога Саул го сруши Лукас Васкез. Тоа е очигледен пенал, судијата беше совршено позициониран, ама не свирна, а не му се јави никој ниту од ВАР собата. Срамота е судиите да ги прескокнуваат овие ситуации“, стои во објаснувањето на Реал Мадрид ТВ.
Првата ситуација беше при дуел на Саул и Лукас Васкез, додека втората и третата беа потенцијални фаули над Џуд Белингем. Судијата Санчез Мартинез во трите моменти сметаше поинаку од „кралевите“, а слична беше реакцијата и од ВАР собата.
По ова реми Реал а водечки на табелата со 58 бода, два повеќе од Џирона која ја дочекуваат викендов, Барселона има 50, а Атлетико Мадрид 48.