Фудбал

Од понеделник започнува продажбата на влезниците за Ерменија

Од понеделник започнува продажбата на влезниците за Ерменија

Нашата најдобра фудбалса селекција ги започнува настапите во новата сезона во Лигата на Нации, а од понеделник ќе започне продажбата на билети за натпреварот  против селекцијата на Ерменија.

Овој дуел ќе се одигра на десетти септември на Националната арена „Тодор Проески“, а цената на влезница изнесува од 200 и 400 денари. ФФМ воведе и влезница за во ВИП ложата, која што за овој натпревар ќе чини 1500 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

To top