Фудбал

Новинар поднесе оставка поради тоа што го заборавил Винисиус кога гласал за Златната топка

Новинар поднесе оставка поради тоа што го заборавил Винисиус кога гласал за Златната топка

За доделувањето на Златната топка, кое се одржа на крајот на октомври во Париз, се уште се зборува во светската јавност, а еден од новинарите се откажа од своето место во жирито за изборот на најпрестижната награда во светот на фудбалот.

Родри ја освои Златната топка пред Винисиус Јуниор, што крена голема прашина, па пред самата церемонија делегацијата на Реал одлучи да не присуствува на неа, а од Мадрид изјави дека оваа награда повеќе не постои за нив.

Еден од новинарите кои не му дадоа ниту еден поен при гласањето на Винисиус е Финецот Јуха Канерва, кој денеска ја призна грешката и поднесе оставка од жирито на Златната топка.

Канерва претрпе голем притисок поради неговиот начин на бодување, а како што призна, целосно го заборавил Винисиус и направил „техничка грешка“ при гласањето.

„Тоа е моја техничка грешка. Се повлекувам од моето место во жирито на Златната топка“, накратко изјави Канерва преку социјалната мрежа Твитер.

To top