Лоши вести за Баерн Минхен пред крајот на 2024 година. Тимот нема да може да смета на голманот Мануел Нојер, кој има скршено ребро и нема да игра до крајот на годината.
„Годината е завршена за Нојер, кој сосема извесно нема да се врати на терените оваа година. Го очекуваме во јануари,“ изјави тренерот на Баерн, Винсан Компани, за германските медиуми.
Баерн Минхен утревечер во Гелзенкирхен ќе игра против Шахтјор Доњецк и се надева на триумф во петтото коло од Лигата на шампионите.