Фудбалската федерација на Македонија преку видео на социјалните мрежи го најави новиот дрес на репрезентацијата.
-Горди на традицијата, подготвени за нов почеток. Наскоро, 3 линии ќе ги обојат нашите бои, најавуваат од ФФМ.
Во видеото на социјалните мрежи се прикажани и сите дресови кои ги имала репрезентацијата од нејзиното формирање до денес.
ФФМ по повеќе од десет години ја завршува соработката со „Јако“, а новиот спонзор ќе биде „Адидас“.