Голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер пред само неколку денови објави крај на својата репрезентативна кариера, но во разговор со германските медиуми откри дека нема намера да се пензионира од клупскиот фудбал.
„Не би сакал да прогнозирам, но знам дека телото уште ме служи и можам да бидам активен уште најмалку две години. Договорот со Баерн ми завршува во 2025 година, а потоа ќе ги разгледам сите опции. Се повлеков од репрезентацијата на Германија, иако ќе беше феноменално да настапам и на Светското првеенство во 2026 година.
На 40-годишна возраст не би заминал во Саудиска Арабија или во друг азиски клуб. Би сакал да завршам во Европа, а најубаво ќе биде ако се простам од фудбалот во родната земја. Тука ги доживеав сите најголеми успеси во кариерата, моето срце е секогаш во Германија“, рече искусниот голман.