Фудбал

Николо Заниоло потпиша за Фиорентина

Николо Заниоло потпиша за Фиорентина

Николо Заниоло никако не може да најде вистински клуб за себе откако крилниот офанзивец си замина од редовите на Рома и потпиша за Галатасарај.

„Виолетвоите“ ќе платат 3,2 милиони евра на Галатасарај за позајмицата до крајот на сезоната, а тимот од Фиренца ќе има и можност да го откупи договорот што Заниоло го има со турскиот гигант за дополнителни 15,5 милиони евра.

Аталанта уште пред заминувањето на Заниоло ја засили навалната линија купувајќи го Даниеле Малдини од Монца за 10 милиони евра.

To top