Лондонскиот фудбалски клуб Челси на официјалниот сајт го продолжи договорот со напаѓачот Николас Џексон.
23-годишниот сенегалски фудбалер имаше договор со Челзи до 2031 година, а сега истиот е продолжен на уште две години до 2033 година.
Џексон е во Челзи од пред една година од Виљареал и дојде за сума 37 милиони евра. Од тогаш па до сега Сенегалецот има 45 настапи за „сините“ во сите натпреварувања и ефект од 19 голови и 7 асистенции.