Градското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити разочара многу фудбалски фанови, а еден од нив очигледно е и Гери Невил.
– Мислам дека начинот на кој двете екипи се поздравија по крајот на натпреварот покажува дека се задоволни од резултатот. Најдобрите тимови на Јунајтед и Сити би биле разочарани со ваквиот пристап на натпреварот, делуваше како да се имаат договорено да одат на заедничка вечера. Разочаран сум, ова е дерби на Манчестер, мора да има повеќе „крв“, повеќе храброст и ризик и обид да се добие натпреварот на таков начин, – рекол Невил.