Бразилскиот напаѓач Нејмар потпиша нов договор со Сантос, кој ќе важи до крајот на 2026 година. Ова ќе биде втора сезона на Нејмар во неговиот сакан клуб.
По операцијата тој е заинтересиран сериозно да го предизвика Карло Анчелоти и да биде меѓу играчите што ќе патуваат за Светското првенство во Северна Америка.
И покрај тоа што не играше на високо ниво со години, реалноста е дека Нејмар би можел да патува и да биде дел од репрезентацијата на Бразил на СП.