Нејмар не доби повик за пријателските натпревари против Франција и Хрватска кои за Бразилците беа последни пред објавувањето на конечниот список во мај од страна на селекторот Карло Анчелоти.
Сега во својата последна изјава тој истакна и дека многу луѓе не би го гледале Мундијалот ако тој не игра.„Правам сè што е потребно за да бидам во врвна форма. Сакам да играм на Светското првенство и да ја освојам титулата со Бразил, тоа би било остварување на еден голем сон. Ако не настапам, верувам дека милиони луѓе нема да го следат турнирот, не само во Бразил, туку и ширум светот. Суштината на ваквите натпреварувања е да ги соберат најдобрите фудбалери“, изјави Нејмар.
Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Ц каде што се уште Мароко, Шкотска и Хаити. Во својата кариера за националниот тим Нејмар досега има 129 натпревари во кои постигна 79 голови